Македонија

Нема да се одржат двете рочиштата против Рамиз Мерко за незаконско поставување на директори во училиштата

Нема да се одржат двете рочиштата против Рамиз Мерко за незаконско поставување на директори во училиштата
Ramiz Merko

Во Основниот суд во Струга денеска нема да се одржат двете закажани рочишта против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта.

Двајца од сведоците се надвор од државата, а меѓу нив и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири.

Вкупно осум обвиненија се подигнати против градоначалникот на Струга. Во две одвоени постапки против Мерко, се водат судски процеси за незаконско назначување на директори во основните училишта во Велешта, Лабуниште и до Подгорци, како и во училиште во Струга. Обвинение за истото кривично дело е подигнато и за училиштето во Радолишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни