Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтер го погоди централниот дел на Грција, со епицентар во градот Лариса. Според првичните информации нема сериозно повредени лица. Потресот беше почуствуван и во државава.
„Сѐ се случи одеднаш и се исплашивме. Јас живеам на петтиот кат и искуството беше застрашувачко. Се надевам дека ова беше главниот потрес“, вели локален жител.
„Во моментот на земјотресот, учениците беа во училницата. Ги следевме вообичаените училишни процедури за инциденти од ваков вид и според планот за евакуација, ја евакуиравме зградата. Сите ученици се собраа во училишниот двор и сега чекаме да помине некое време пред децата да бидат пратени дома“, изјави директорка на училиште.