Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, по новинарско прашање за отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“, истакна дека тоа е неприфатливо и претставува провокација.
„Ова што се случи во Битола, отворањето на овој центар и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер, на фашистичкиот окупатор за мене e неприфатливо и претставува провокација и нема никако да допринесе на подобрувањето на односите. Ниту ќе ја подобри климата во Бугарија, ниту во Македонија“, вели Спасовски.
Тој вели дека Македонија е практично никната од народно ослободителната борба и тие придобивки ги почитува максимално.
„Борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која сите ние и идните генерации треба да ја негуваме, се со цел да не ни се врати нешто што беше погубно за целиот свет“, вели Спасовски.
Тој смета дека сите политичари треба да се свртат кон иднината.