Свет

Непријатен момент во австралискиот парламент за кралот Чарлс III: Ти не си мој крал!

Непријатен момент во австралискиот парламент за кралот Чарлс III: Ти не си мој крал!

На вториот ден од неговата официјална посета на Австралија, британскиот крал Чарлс III се соочи со непријатност веднаш откако го заврши својот говор во австралискиот парламент, бидејќи независната сенаторка Леа Торп потоа почна да вика „Ти не си мој крал“.

Торп ја прекина церемонијата во Канбера извикувајќи „Ти не си мој крал“ цела минута, а потоа интервенирало обезбедувањето и ја одвело, јавува Би-би-си.

Кралот штотуку ја напушти говорницата за да се придружи на кралицата Камила, која седеше на чардакот, кога сенаторката Торп почна да вика и се приближи до говорницата од задниот дел на комората.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни