Македонија

Непрооден патот кон граничниот премин „Голема Црцорија – Голеш“ поради снежни наноси

Непрооден патот кон граничниот премин „Голема Црцорија – Голеш“ поради снежни наноси

Патниот правец од Крива Паланка кон граничниот премин „Голема Црцорија – Голеш“ е непрооден поради големи снежни наноси и навеви од снег.

Сообраќајот на овој дел е целосно оневозможен, а надлежните служби се известени за состојбата и се очекува нивно интервенција за расчистување на снегот.

Возачите кои планираат да го користат овој патен правец се советуваат да ги следат информациите додека патот не се расчисти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни