Македонија

Несреќа на автопатот Тетово – Скопје!

Несреќа на автопатот Тетово – Скопје!

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје. Според првичните информации, патничко возило со голема брзина излетало од коловозот и удрило во заштитните банкини.

На местото на несреќата пристигнаа екипи на полицијата, кои го обезбедуваат просторот и вршат увид. Сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива по една коловозна лента.

Засега нема официјални информации за евентуални повредени, а повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни