Несреќа на жичарницата Дурмитор: Туристи паднаа од корпата на ски-лифтот, еден маж загина

Според информациите на Савин Кук на Дурмитор, Црна Гора едно лице загина, а друго е тешко повредено откако паднаа од корпата на ски-лифтот.

Станува збор за странски државјани, а несреќата се случила на жичара број два.

Тешката несреќа се случила во стрмниот, втор дел на трасата, кога странски турист паднал од корпата.

Според првичните информации, загинал маж, додека жената е повредена, но е свесна и комуникативна.

На местото на трагедијата се наоѓаат спасувачки екипи, а се утврдува како дошло до несреќата.

Првите податоци покажуваат дека наводно дошло до дефект на жичарата во вториот дел кој води кон Савин Кук.

Според тие информации, корпата во која биле туристите почнала да се лизга наназад.