Четири лица се повредени и пренесени во болница по сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.
Несреќата се случила нешто пред 21 часот, а вклучува автомобили „шкода“ и „бе-ем-ве“ со скопски регистарски таблички.
„На булеварот Гоце Делчев, на крстосницата со улица Лазар Личеноски, околу 20:55 часот добивме пријава дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките возила „шкода“ и „бе-ем-ве“. Возилото „шкода“ се превртело и се запалило“, велат од МВР.
Според информациите, повредените се пренесени на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, но засега не е позната нивната состојба.
Сообраќајот на овој потег се одвива само во една коловозна лента.