Нестабилно време до крајот на денот, на некои места ќе има врнежи од дожд и град

И вечерва може да има појава на нестабилно време со врнежи од дожд, а наместа и град.

Од УХМР соопштуваат дека врнежи од дожд и од град може да има во преспанскиот регион и во регионот на Кожуф, помеѓу Кавадарци и Гевгелија.

„Нестабилност која дава поројни врнежи од дожд , грмежи и има услови за појава на град има во Преспанскиот регион и југоисточно од Кавадарци“, стои во објавата на УХМР.