Свет

Нетанјаху отпатува во Каиро, на повидок е прекинот на огнот во Газа?

Нетанјаху отпатува во Каиро, на повидок е прекинот на огнот во Газа?

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во Каиро на разговори за прекин на огнот во Газа, а според неименувани извори на агенцијата Ројтерс, се очекува во наредните денови да биде потпишан договор за прекин на огнот во Газа.

Во Каиро, се наведува, ќе разговараат и за постигнување договор во врска со заложниците, кои беа заробени од Хамас на 7 октомври 2023 година.

Либанскиот канал Ал Мајадин објави дека Египет го поканил и палестинскиот претседател Махмуд Абас „на итна посета“, додавајќи дека Абас во Каиро пристигнува од Ватикан и дека договорот со Хамас за заложниците изгледа се поизвесен.

Во меѓувреме, агенцијата Ројтерс објави и дека Хамас објавил дека е можен договор за прекин на огнот и заложници доколку Израел престане да поставува нови услови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни