Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ со соопштение по повод потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО. Тие велат дека се горди што го препознале моментот и шансата за нашата татковина и убедени ја поддржале стабилноста и безбедноста за граѓаните.
„Денес, после 26 години, Македонија конечно го потпиша протоколот за членство во НАТО. На граѓаните им честитаме за овој важен момент кој за сите нас значи сигурност и мир.
Горди сме што го препознавме моментот, важноста на оваа шанса за нашата татковина и искрено убедени ја поддржавме стабилноста и безбедноста за нашите граѓани.
Пред нас има уште многу предизвици, исправено ги чекаме и кон сите реформи ќе пристапиме одговорно и целосно ќе се вложиме Македонија да биде успешна приказна на Балканот, интегрирана и во ЕУ.“, се вели во соопштението.