Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска оствари средба со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, г. Кристијан Даниелсон и евроамбасадорот г. Самуел Жбогар.
„На средбата беа вреднати нашите заложби за да помогнеме во важните реформски процеси кои и претстојат на Македонија. Како најважни точки беа издвоени реформите во судството, корупцијата, безбедноста и администрацијата. Овие прашања се од исклучително значење за Македонија. Независната пратеничка група ќе биде коректив и ќе се бори за подобри законско решенија и нивна доследна имплементација. Го афирмиравме ставот дека Македонија заслужува шанса во јуни да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ“, информираат преку соопштение од Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.