Независниот пратеник и поранешен член на Алтернатива, Скендер Реџепи, најави дека ќе формира нова партија во албанскиот политички блок.
Себеси, не се гледа во друг политички субјект, а „алтернативците“ не му дале прилика за промени во партијата, истакна тој во интервју за ТВ 21
„Ќе подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Алтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување“, вели Реџепи.
Тој е свесен оти се формираа многу партии на Албанците, а следните избори, според него, ќе бидат поделени меѓу европскиот фронт и опозицискиот блок.
Вклучително и новата партија на Реџепи, во албанскиот политички блок ќе дејствуваат барем осум партии – ДУИ, Алијанса за Албанците и ДПА, кои се во Владата, Европска демократска партија на Аријанит Хоџа, која го поддржува европскиот фронт и Беса, Алтернатива, Демократско движење и партијата на Реџепи како опозициски блок.
