Македонија

Ни доаѓа пороен дожд и град – уште утре портокалово ниво на опасност

Ни доаѓа пороен дожд и град – уште утре портокалово ниво на опасност

Утре ќе се задржи многу топло време и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. Во деновите потоа температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Од утре (19.07) до средината на следната седмица (24.07) во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во Скопје, од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси со пороен дожд, силен ветер и локална појава на град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отвор

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни