Македонија

Ни доаѓа стабилно време со повисоки температури

Ни доаѓа стабилно време со повисоки температури

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека утре ќе има зголемена облачност со појава на локален слаб снег на планините најпрвин на северот, а потоа ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови.

Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.

Од понеделник следува период на стабилно време со не многу ниски утринските температури, а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури ќе изнесуваат до – 7, а дневните до 15 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни