Македонија

„Никогаш не е направен попис во министерството за односи меѓу заедниците, недостасуваат 400 илјади евра“, вели Стоилковиќ

„Никогаш не е направен попис во министерството за односи меѓу заедниците, недостасуваат 400 илјади евра“, вели Стоилковиќ

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, изјави дека во Министерството што сега го води никогаш не бил направен попис. Тој истакна дека од претходното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците недостасуваат 40.000 евра од касата, кои биле искористени за патувања во странство.

„Сите проблеми се документирани и предадени на Финансиската полиција, МВР и Јавното обвинителство“, рече Стоилковиќ, додавајќи дека понатамошните постапки не се во негова надлежност.

Тој напомена дека за 100 дена го „поправил“ Министерството, кое сега функционира подобро, бидејќи сите вработени редовно доаѓаат на работа, спротивно на претходниот период.

Стоилковиќ истакна дека Обвинителството е одговорно за гонење на криминалот, а тој ќе продолжи да доставува докази за откриените неправилности.

Претходно Министерството го водеше Артан Груби од ДУИ, кој истовремено беше и прв вицепремиер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни