Македонија

Никола Јакимовски од Охрид го фати крстот во Охрид, не е од Варош

Никола Јакимовски од Охрид го фати крстот во Охрид, не е од Варош

Никола Јакимовски од Охрид го фати крстот во Охрид. Но не од Варош.

„Да ни е за многу години, здравје, среќа и љубов кај сите. Да бидеме здрави како дрен и да ги уживаме благодетите на животот. Среќни да сме со тоа што го имаме и многу да ни е, радост бидејќи со радоста се е поубаво и повесело“, рече Јакимовски по фаќањето на светиот крст.

Јакимовски беше даруван. Од име на Владиката доби златно ланче со крст, а потоа следуваше и дарување од страна на градоначалникот.

Тој беше најсреќен меѓу стотиците капачи кои денес пливаа во ладните езерски води.

На овој чин присуствуваа илјадници верници од цела Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни