Македонија

Николоски: Граѓаните гледаат дека врвот зема милиони, па посегнуваат и тие по 1000 денари

Николоски: Граѓаните гледаат дека врвот зема милиони, па посегнуваат и тие по 1000 денари

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во дебатниот магазин „SummerClick“ на ТВ21 посочи дека за основна работа не може да се заврши работа доколку се нема пријатели или не се даде мито.

„Човек не може основна работа да заврши доколку опција а – нема пријател таму или опција б – не даде мито“, вели Николоски.

Според него, тоа е така затоа што тие што се во најниските ешалони гледаат дека нагоре има корупција и си викаат „ако тие можат милиони, можеме и ние 1000 денари“.

„Широк слој на општеството е корумпиран“, додаде Николоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни