Македонија

Николоски: Нови шест дестинации до кои ќе се лета од скопскиот и охридскиот аеродром во идната година

Николоски: Нови шест дестинации до кои ќе се лета од скопскиот и охридскиот аеродром во идната година

Министерот за транспорт и врски Алекандар Николоски, денеска на прес-конференција објави нови шест дестинации до кои ќе се лета од скопскиот и охридскиот аеродром во идната година.

Тој рече дека од Скопје во идната година ќе може да се лета до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, а од Охрид ќе се лета од и до Базел, и до Истанбул.

„Со гордост можам да промовиран шест нови авионски линии кои треба да донесат нови туристи, но и добро да ја поврзат Македонија со европските дестинации.

Од 30 март 30 март 2025 година ќе се лета Скопје – Дубаи – Скопје два пати неделно

Од 30 јуни 2025 година два пати неделно Скопје – Барселона – Скопје

Од 30 јуни 2025 година три пати неделно Скопје – Лион – Скопје

Од следната година три пати неделно Скопје – Штутгарт – Скопје

И во однос на Охрид, два пати неделно ќе се лета Охрид – Базел – Охрид

И за мене најзначајната вест дека Туркиш ерлајнс почнува да лета редовно од охридскиот аеродром 30 март 2025 година“, рече Николоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни