Денес сме на две недели пред првиот круг претседателски избори и би сакал да кажам дека актуелниот претседател на заминување Стево Пендаровски јака нервоза го фати целосно се изгуби, скоро и да нема кампања, но до денес не даде одговор на клучните прашања, рече Александар Николоски, носител на изборна листа во изборна единица 4 за време не митингот во Босилово.
Николоски потсети дека потсети неколку прашања до Пендаровски но оти тој не ги одговара.
„Го прашавме, а не одговори каде ја донира сопствената плата нели се фалеше ќе ја донира, до денес не одговори дали после 12 мај кога официјално му завршува мандатот дали ќе користи претседателски бенефиции, а тие се претседателска пензија доживотно во висина на претседателска плата, кабинет, простории, возач, обезбедување платени од државата’, кажа Николоски.
Николоски укажа дека во 2019 година кога сакаше да глуми чесен велеше нема да ги користи овие привилегии.
„Ама сега последниве месеци молчи како риба и не одговара дали ќе ги користи или не. Очигледно планира да ги користи очигледно ќе биде поранешен кој надолго ги користи кој кажува дека е дволичен“, вели Николоски.
Николоски рече дека Пендаровски е корумпиран до срж, сплеткар.
„На тој човек мора да му кажеме НЕ на 24 април и 8 мај. А можеби да му помогнеме и да се исели од државава. Тој треба да каже и зошто ни една крими афера обелоденета од ВМРО-ДПМНЕ не ја осуди, зошто прифаќа неговата кампања да биде финансирани со крадени ваши пари. Нема да одговори но мора да му ги поставуваме за да се види разликата меѓу него и Гордана Силјановска Давкова“, вели Николоски.
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Неготино одговори на прозивката од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за идните планови.
,,На почетокот на на мандатот, претходната кампања и пред вас и пред цела држава сум го кажал тоа дека по завршување на мојот мандат нема да ги користам привилегиите кои следуваат по закон. Меѓутоа, интересно е што тој човек го покренува тоа прашање. Тој човек, не знам кој знае, кој не знае, од своите рани дваесетти години или партијата или државата го финансира, буквално така. Значи тој е на јаслите на државата и на партијата од време кога бил во Унија на млади сили. Никогаш самиот нема ништо сработено и заработено во животот. Јас имам професија пред да станам претседател, кога ќе ми заврши мандатот ќе се вратам на таа професија. Но, таа одлука ќе ја донесам во 2029 година” порача Пендаровски од Неготино.
Пендаровски ги повика присутните на 24 април да го заокружат бројот еден на гласачкото ливче.