Македонија

Николовски: Има пензионери кои имаат минимална пензија, а поседуваат три стана

Николовски: Има пензионери кои имаат минимална пензија, а поседуваат три стана

„Има пензионери кои имаат минимална пензија, а имаат три стана“, рече Илија Николовски од партијата на пензионерите на Македонија за регионалниот серијал „Робин Худ“ кој ќе се емитува денеска во 12:30 часот.

„Пред некој ден имам случај, со еден разговараме, јас му викам има пензионери кои имаат по три стана, вика јас сум еден од тие. Вика јас бев кондураџија, имам минимална пензија, ама направив империја, еве имам три стана, а имам минимална пензија“, изјави Николовски.

-Значи уплаќал помалку во пензискиот фонд.

-Има и такви, меѓутоа високо разбирање имам за жртвите на транзицијата и оние кои што се жртви како стечајци, вели Николовски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни