Македонија

Николовски со апел до земјоделците: Навремено преземете мерки за заштита, се очекуваат обилни врнежи

Николовски со апел до земјоделците: Навремено преземете мерки за заштита, се очекуваат обилни врнежи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил истакна предупредување за обилни врнежи од дожд за сабота 5 август‼️

Тој упати апел за земјоделците.

„Според прогнозата УХМР најавува дека во текот на попладневните часови во сабота 5 август се очекува можност од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Апел до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците“, вели Николовски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни