Македонија

Нивото на реката Вардар покачено за половина метар во Велес, но ни тоа не ги спречи храбрите кајакари!

Нивото на реката Вардар покачено за половина метар во Велес, но ни тоа не ги спречи храбрите кајакари!

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека денеска според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото на реката Вардар во централното подраје на градот Велес е покачено за половина метар.

На левата страна има излевање во близина на коритото, но нема поплавено објекти и нема загрозено објекти од ударниот бран, што веќе го намалува интензитетот.

На десната страна од Вардар е далеку од куќите.

По контактите оставрени со ТППЕ Велес и ЈКП Дервен Велес истите известуваат дека нема јавување од граѓани за загрозени и поплавени објекти од реката Вардар.

Инаку, зголеменото ниво не ги исплаши ни кајакарите кои одлучија да ја „тестираат“ реката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни