Македонија

Низ Македонија активни пет пожари

Низ Македонија активни пет пожари

Пет пожари се активни на територија на државава, информира изутринава Центарот за управување со кризи.

Во Општина Долнени има три пожари: кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје, и кај селата Кошино и Костинци. Пожар има и во село Бељаковце во Општина Куманово и во село Долна Ѓоновица во Општина Гостивар.

ЦУК соопшти дека вчера биле регистрирани вкупно 49 пожари и се изгаснати 44.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни