Македонија

Ноќеска саниран дефектот во Центар!

Ноќеска саниран дефектот во Центар!

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека саниран е големиот дефект кај Кеј „Димитар Влахов“ во непосредба близина на Младинскиот културен центар.

Како што велат, дефектот бил саниран ноќеска во 03:50 часот.

Поради пукната голема водоводна цевка, поради која беше поплавена и улицата кај МКЦ, вчера од 08:50 часот без вода останаа и корисниците на дел од Крњево, Керамидница, Т.Ц „Ист Гејт“,бул.„Александар Македонски“ до бензинската пумпа „Лук Оил“, Пожарната, а намален притисок имаа населбите „Маџари“ и „Хиподром“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни