Свет

Нов обид за атентат врз екс-претседателот Доналд Трамп

Нов обид за атентат врз екс-претседателот Доналд Трамп

Осуетен уште еден, трет обид за атентат врз експретседателот Доналд Трамп. Маж од Невада бил уапсен во близина на митинг во Калифорнија. 50-годишниот маж бил запрен од властите кои го обезбедувале собирот во Коачела, возел нерегистриран џип и поседувал нелегално огнено оружје и лажни пасоши.

Тајната служба соопшти дека Трамп не е во никаква опасност и дека апсењето не влијаело на безбедноста на митингот. Човекот бил ослободен истиот ден со кауција од 5.000 долари.

Федерален функционер вчера изјави дека федерална истрага е во тек. Според него, се верува оти неговиот оддел спречил обид за атентат, иако тој призна дека тоа се шпекулации.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни