Македонија

Нов обид за измама во Куманово: „Дајте пари, ваш близок прегази дете“, лажел измамник по телефон

Нов обид за измама во Куманово: „Дајте пари, ваш близок прегази дете“, лажел измамник по телефон

Двајца повозрасни граѓани на Куманово, 90-годишна жена и 77-годишен маж, вчера паднале мета на дрска телефонска измама, но благодарение на нивната присебност, обидот останал неуспешен и веднаш бил пријавен во полиција.

Според соопштението на МВР, во двата одвоени случаи, непознато лице телефонски контактирало со жртвите, користејќи го истото сценарио за емоционална уцена.

Измамникот им соопштил дека член на нивното семејство наводно предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која било прегазено дете. Потоа, тој барал одредена сума на пари која, според неговите зборови, била неопходна за да се спречи нивниот близок да оди во затвор.

За среќа, и двајцата кумановци се посомневале во вистинитоста на приказната и наместо да подлегнат на притисокот, веднаш го пријавиле случајот во СВР Куманово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на овие обиди за измама.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни