Јован Деспотовски денеска се кандидираше за претседател на СДСМ.
Тој вели дека е потребен нов почеток и нов СДСМ.
„Ќе бидеме конструктивна опозиција во Собранието, нема да критикуваме по секоја цена, а тоа исто така е нешто што не разликува од досегашните практики во партијата и државата. Ќе поддадеме рака на секој, вклучително и нашите политички опоненти“, порача Деспотовски.