Македонија

Нов пожар кај Свети Николе, опасност да зафати викендици! Итно полетуваат хеликоптери на МВР

Нов пожар кај Свети Николе, опасност да зафати викендици! Итно полетуваат хеликоптери на МВР

Пред околу половина час се појави пожар на сува трева и ниска вегетација во Кривчева река, во непосредна близина на Свети Николе.

Од центарот за управување со кризи вонредно информираат дека има опасност од проширување на огнот и зафаќање на викендици.

„Поради опасност пожарот да зафати неколку викендици и блиските куќи во овој момент полетуваат два хеликоптери на МВР“, велат од ЦУК.

Пред два часа Центарот за управување со кризи информира дека пожарот кај Штип е целосно изгаснат како и дека во моментов не се регистрирани други пожари на отворен терен.

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 29 пожари на отворен простор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни