Премиерот Христијан Мицкоски најави две реформи во социјалната заштита. Првата е софтверско решение кое ќе открива злоупотреби на социјална помош, а втората е платежна картичка со која 50% од помошта ќе се користи за купување македонски производи.
Мицкоски истакна дека има голем број злоупотреби, вклучително случаи на приматели на помош до 60.000 денари месечно, а дел од нив се веќе санкционирани или се водат кривични постапки.
„Некои корисници примале помош до 60 000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата. Има големи злоупотреби во центрите и од службеници. Дел се веќе и санкционирани, против дел се покренати кривични постапки“ – истакна Мицкоски, додавајќи дека на софверското решение се работи со Светска банка.