Македонија

Нов топлотен бран во Македонија, температурите до 40 степени – високо УВ зрачење!

Нов топлотен бран во Македонија, температурите до 40 степени – високо УВ зрачење!

Од утре нашата земја повторно влегува под влијание на жешка воздушна маса од Африка, поради што температурите значително ќе се зголемат и на некои места ќе достигнат дури до 40 степени Целзиусови.

Времето ќе биде сончево, многу топло и сушно, а УВ индексот ќе биде многу висок и опасен по здравјето, предупредуваат метеоролозите.

Во сила се сите стандардни препораки за заштита од топлотни удари:

Избегнувајте престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, освен ако е неопходно.

Консумирајте многу течности, избегнувајте алкохол и газирани пијалаци.

Јадете лесна и свежа храна, богата со витамини.

Облекувајте се со лесна, широка и светла облека, и не заборавајте капа и очила за сонце.

Хронично болните лица треба редовно да ја земаат својата терапија и по можност да остануваат во затворени, разладени простории.

Надлежните апелираат на внимание и грижа особено за децата, возрасните и хронично болните лица, бидејќи температурите во следните денови ќе создадат екстремни услови за престој на отворено.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни