Вработените во најголемиот загубар „Еурокомпозит“ Новата година ја дочекале со 8000 денари. Од вчера тие повторно протестираат поради неисплатени плати и отпремнина на вработените. Менаџментот им ветувал плата околу 20 јануари, но тие повеќе не веруваат во ништо. Па во среда повторно ќе протестираат пред зградата на Владата во Сккопје.
„За овие 3-4 месеци знаете дека никаде не појдовме и немаме земено пари. Значи од септември месец досега имаме земено само 20.000 денари, вкупна сума. Не иди ни по 5.000 денари месечно.“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит.
Од 90.000 денари кои треба да ги земат како отпреминина досега имаат земано само по 25.000 денари. При последниот протест во Скопје, од Владата им беше ветено дека се очекува странски инвеститор кој ќе им ги исплати заостанатите плати.
„Да им се извини на сите овие вработени тука што се малтретираат со денови и се со нас цело време и во најмала рака да си даде оставка, бидејќи не е во состојба да ја води фирмава“, рече Пеце Велјаноски, технолошки вишок.
„Му се јавуваме на телефони, бараме да појдиме горе кај него, ниту иди на работа, ниту сме го виделе. А наредните пари кога мисли да ги дава, која веќе овие ги закасни?“, вели Валентина Славеска, технолошки вишок.
Директорот Златко Граорски не сакаше да застане пред камера, но телефонски вели дека во вторник ќе имал состанок со вицепремиерот Анѓушев каде ќе се разговара за пронаоѓање на решение за вечниот загубар „Еурокомпозит“.
РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ
