Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, се соочува со кривична пријава од ОВР Струга за незаконско именување на в.д. директорка во училиште пред три години.
Според Министерството за внатрешни работи, пријавата е поднесена поради сомнение за „несовесно работење во службата“. На 17.01.2022 година, Мерко именувал в.д. директорка, иако назначената не ги исполнувала законските услови, вклучително и положување на испит за директор и сертификат за познавање англиски јазик.
Мерко ѝ овозможил незаконски да оствари финансиска корист од 1.390.536 денари за работата како в.д. директорка.