Македонија

Нова несреќа во Скопје: Двајца малолетници прегазени на пешачки премин на „Партизанска“

Нова несреќа во Скопје: Двајца малолетници прегазени на пешачки премин на „Партизанска“

Нова несреќа попладнево на Партизански одреди во Тафталиџе 2. Двајца малолетници се прегазени на пешачки премин на булеварот.

Очевидци велат дека едниот малолетник бил однесен во болница во тешка состојба, додека другиот лежел на тревникот. По 20-тина минути стигнала Итната помош, кои го превезле и другиот малолетник поради опасност од повреда на рбетот.

Од МВР потврдија дека ќе објават повеќе информации по завршување на увидот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни