Македонија

Нови барања на пензионерите: Бесплатни лекови и оставка на Тренчевска

Нови барања на пензионерите: Бесплатни лекови и оставка на Тренчевска

Пензионерите од Свети Николе кои излегоа на протест за да бараат линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари имаат уште неколку нови барања.

Во случај Министерството за труд и социјална политика да не им излезе во пресрет и не ги зголеми линеарно пензиите, тие ќе побараат оставка од министерката Јована Тренчевска и од претседателката на Сојузот на пензионери.

Тие бараат и ревизија на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и бесплатни лекови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни