Македонија

Нови именувања во Јавното обвинителство

Нови именувања во Јавното обвинителство

Советот на јавните обвинители денеска избра нови јавни обвинители за Јавното обвинителство на Република Македонија. Валентина Стојановска и Златко Биковски беа избрани за јавни обвинители, додека за Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција избрани се Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

Како што известуваат од СЈОРМ, за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Битола е именуван Антонио Јолевски, а за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје е избрана Наташа Крстева Цалева.

На денешната трета седница, како што дополнуваат од СЈОРМ, донесена е одлука за суспендирање на функцијата јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола за Ирина Трајкоска Стрезоски поради нејзиниот избор за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Исто така, предложена е Зорица Павловиќ, член на Советот, за заменик член на Етичкиот совет на јавни обвинители.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни