Нови цени на горивата од полноќ: Намалување само кај дизелот

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ. Промена има само кај дизелот.

ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.

Се вчитува...

Бензините остануваат со иста цена: ЕУРОСУПЕР 95 – 75 денари по литар, ЕУРОСУПЕР 98+ – 77 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство продолжува да се продава по 66,5 денари по литар, а мазутот по 45 денари по килограм.