Македонија

Нови закани по живот за екипите на ЕВН од жителите во Слупчане

Нови закани по живот за екипите на ЕВН од жителите во Слупчане

Втор ден по ред екипите на ЕВН не можат да ја реконструираат дистрибутивната мрежа во село Слупчане бидејќи жителите го блокирале влезот во селото и им се заканиле на работниците.

-Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа, информираат од ЕВН.

Според пресметките на ЕВ, во ова село се краде 80 отсто од годишно потрошената електрична енергија, односно се наплаќа само 20 отсто од потрошените количини.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни