Македонија

Новинарот Фуркан Салиу повикан во обвинителство како осомничен

Новинарот Фуркан Салиу повикан во обвинителство како осомничен

Новинарот Фуркан Салиу добил покана од Јавното обвинителство во Кичево да се појави како осомничен за кривично дело „Противправно лишување од слобода“. Тој ова го објави на Фејсбук.

7 месеци откако извршителката Весна Јакимовска го нападна тимот на #Порталикс , нападна полицаец во полициска станица и уништи службен материјал, ние треба да одговараме за нејзините постапки.

По два напади врз службени лица, таа е на слобода, а ние треба да трчаме по обвинителства со апсурдни обвинувања и пријави.

Во меѓувреме, дури ни 7 месеци не и’ беа доволни на обвинителството за да одлучи дали ќе покрене кривична постапка против извршителката или не. Пред два месеци добивме повик за информативен разговор во полициската станица во Куманово, само затоа што се обидовме да добиеме одговор од јавна институција за проблем кој утре може да чини човечки животи.

Како и да е, продолжуваме… Порталикс е создаден за да вознемирува.
А тие што злоупотребуваат позиција и крадат се обидуваат да го вратат нападот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни