Македонија

Новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната посета на Гинекологијата „Мајка Тереза“ во Чаир изјави дека новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров.

Министерот истакна дека се бодуваа три локации Карпош, Ѓорче Петров и Петровец, со што од тим експерти се одлучи дека Ѓорче Петров е идеална локација за центарот.

Тим од експерти разработи методологија и според тоа се донесе заклучок дека Ѓорче Петров е идеална локација, прво поради положбата, понатаму дека најбргу можеа да се изготват проектните документи и поради тоа дека најмалку чини, односно целото земјиште е државно“, рече Филипче.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни