Новиот премиер Христијан Мицкоски денес пристигна во Владата, каде што од денес ќе треба да ја презеде новата функција, откако вчера неговата влада беше изгласана во Собранието.
Мицкоски ќе ја презеде функцијата од Талат Џафери, а на влезот од Владата беше дочекан од своите блиски соработници Владимир Неловски и Игор Јанушев.
Како што претходно најави ТВ21, Владимир Неловски ќе му биде шеф на кабинет на премиерот, додека Игор Јанушев се очекува да биде новиот генерален секретар.
Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.
На примопредавањето во Владата, Мицкоски и Џафери имаа кратка средба, без изјава за медиумите.
Мицкоски, денеска попладне, како што е најавено, ќе биде во работна посета на општина Штип.