Новите антикорупционери дадоа свечена заклетна и добија мандат од пет години, денеска по гласањето на пленарната седница во Собраниет каде со 65 гласа „за“ и 10 воздржани беше донесена одлуката.
Новоизбраните членови започнувата со работа денеска, а согласно новите овластувања ќе го следат и претстојниот изборен процес во делот на финансирање на политичките партии.
Претседателка на Комисијата е Билјана Ивановска, а членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Салаи Шемши.