Регултароната комисија за енергетика одлучи за новите цени на горивата. Има поскапување на сите деривати.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 и на ЕУРОСУПЕР 98 се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продаваат по цена од 84 денари, односно 86 денари.
Цената за ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,5 денари, и ќе изнесува 77 денари.
Цената на екстралесното масло се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава 75,5 денари. Расте и цената на мазутот за 0,6 денари, и од утре ќе е продава за 48,6 денари по килограм.