Македонија

НСДП: Не се потребни предвремени парламентарни избори

Нова социјалдемократска партија денеска вои Скопје одржа редовна седница на која беа разгледани повеќе точки на дневен ред од актуелните случувања во земјата.

НСДП донесе став дека во моментов на Македонија не и се потребни предвремени парламентарни избори.

„Во функција на негување на внатре партиските демократски капацитети на одговорност и отчетност,  повеќе носители на јавни функции од редовите на НСДП, за изминатиот период од година ипол од стапувањето на функциите до денес, пред членовите на Централниот одбор и претставници на општинските организации на партијата дадоа пресек за постигнатите резултати на институциите со кои раководат, како и осврт на прироитети кои ќе бидат во нивното работење до крајот на мандатот.

На седницата на Централниот одбор се дискутираше и за можноста за одржување на предвремени парламентарни избори, за што беше изграден став дека на Македонија во овој политички момент тие не и се потребни.

НСДП смета дека решавањето на повеќедеценскиот проблем со името и отворањето на евро-атланските перспективи пред државата поставува агенда која бара надминување на партиските и уважување на државните интереси. НСДП е на ставот дека реформите кои ЕУ ги очекува од нас како држава да ги испорачаме, за во јуни годинава да добиеме одлука за почеток на преговори, не дозволува дефокусирање на политичката енергија и блокирање на институциите на системот со брз парламентарен изборен циклус. Во оваа насока, Централниот одбор на партијата  изгради став дека негувањето на демократската политичка култура во земјава бара напуштање на праксата на претходната авторитарна владејачка  гарнитура на одење на брзи предвремени парламентарни избори и воспоставување на нов однос кон чинот на гласање на граѓаните, што ќе значи давање на шанса својата оценка за работењето и исполнувањето на програмските ветувања на Владата да ја дадат на избори по завршување на четиригодишниот мандат“, се вели во соопштението на НСДП.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни