Македонија

Обилни врнежи од дожд проследени со град, Тетово под вода! (ФОТО)

Обилни врнежи од дожд проследени со град, Тетово под вода! (ФОТО)

Тетовскиот регион попладнево го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, со грмотевици и засилен ветер.

Во моментов голем број на сообраќајници се под вода, јавува дописникот на ТВ21 од Тетово.

Сообраќајот е целосно блокиран како во градот, така и на автопатот Тетово-Скопје каде има сè уште врнежи од дожд и град.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека има барање за целосно исклучување на струјата во Тетово поради опасноста кон граѓаните од струен удар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни