Македонија

Облачно и студено време низ целата земја, максимална температура во Гевгелија

Облачно и студено време низ целата земја, максимална температура во Гевгелија

Максималните температури денеска беа 0 Попова Шапка, 1 Крушево, Маврови Анови, 3 Лазарополе, 5 Битола, Прилеп, 6 Виница, 7 Крива Паланка, Штип, 8 Охрид, Берово, Велес, Кавадарци, 9 Скопје- Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, 10 Струмица, 11 Скопје-Петровец, 12 Гевгелија.

Времето денеска беше облачно, во раните утрински часови повремен локален дожд имаше во североисточните и источните делови. Дуваше слаб до умерен северен ветер.

До крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. По одделни
котлини ќе има услови за појава на магла. Во втората половина од ноќта во јужните
делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни