Македонија

Облачно со сончеви периоди: Попладне не очекува нестабилност со пороен дожд!

Облачно со сончеви периоди: Попладне не очекува нестабилност со пороен дожд!

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до
засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови (од 20 до 30 l/m2), а во останитите (од 10 до 20 l/m2). Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни