Денеска времето беше променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди и слаб до умерен западен ветер, а долж Повардарието дуваше северозападен ветер.
Максималните температури (°C) денеска достигнаа:
16° Попова Шапка
21° Лазарополе
22° Маврови Анови
24° Крушево
27° Тетово, Претор
28° Охрид, Берово
29° Крива Паланка
30° Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Битола
31° Штип
32° Скопје-Петровец, Виница
33° Струмица, Велес
34° Кавадарци
36° Демир Капија, Гевгелија
До крајот на денот ќе продолжи променливо облачно време, со слаб до умерен западен, а долж Повардарието северозападен ветер.
Времето утре (среда):
Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минимална температура: од 12 до 20°C
Максимална температура: од 26 до 34°C
Во Скопје:
Променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта се очекува повремен дожд.
Минимална: 17°C
Максимална: 32°C
Времето во наредните денови:
Четврток: Нестабилно, со пороен дожд и грмежи, локално и краткотрајно невреме.
Петок и сабота: Претежно стабилно со благ пораст на температурата.
Недела и почеток на следната недела: Повторна дестабилизација со локални врнежи и грмежи.