Македонија

Обраќање на претседателот Пендаровски на приемот на УО и членките на МАСИТ

Обраќање на претседателот Пендаровски на приемот на УО и членките на МАСИТ

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на приемот на Управниот одбор и на компаниите – членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Истакнувајќи дека и годинава, според официјалните податоци, ИКТ индустријата бележи најголем раст и во однос на бројот на вработени и во однос на остварените приходи, претседателот Пендаровски потенцираше дека државата мора да дава поддршка на оваа гранка. Придонесот на МАСИТ во изготвување на Стратегијата МКД 2030, како што посочи претседателот Пендаровски, е уште еден доказ дека оваа индустрија е една од приоритетните области за земјата.

„Не гледам друга индустрија која толку брзо расте и која има таков потенцијал. Затоа Владата, било која и да е, во моментот било кој и да е претседател, мора да ви биде на услуга 24/7“, подвлече претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Информирајќи за достигнувањата и напредокот во ИКТ индустријата во земјава, од комората информираа дека овој сектор континуирано се шири. Истовремено, од комората потенцираа дека од година в година во ИКТ индустријата расте бројот на вработени, а бележат и континуиран раст на платите. Тоа, како што, истакнаа од МАСИТ е показател дека и во нашата држава може да има успешни приказни и младите да имаат бенефити и одлични работни услови, исти како и во развиените европски и светски земји.

Истовремено, претседателот на Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, Илија Господинов посочи и на неколку предизвици со коишто се соочуваат компаниите – членки на МАСИТ. Во таа насока, Господинов побара државните политики да бидат стратешка поддршка на ИКТ индустријата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни