Македонија

Образложен францускиот предлог на денешната средба меѓу коалицијата

Образложен францускиот предлог на денешната средба меѓу коалицијата

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција посочи дека денеска на средбата со владината коалиција бил образложен процесот и францускиот предлог.

Тој вели дека разговарале за детали и факти.

„Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас“, порача Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни